– Дозволете во мое лично име но и повторно во името на ВМРО-ДПМНЕ да изразам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на луѓето кои настрадаа во страотниот пожар во ковид-бараките во Тетово. Никогаш нема да можеме да ги заборавиме стравичните сцени. Нашите луѓе, нашите граѓани не смеат да го губат својот живот во објектите каде треба да се лекуваат и да се спасат, кажа Мицкоски.
Мицкоски истакна и дека животите на загинатите во пожарот во Тетово е одговорност на државата и оние кои го менаџираат здравствениот систем.
– Животите на тие луѓе, на пациентите, но и на нивните блиски кои загинаа во Тетово секогаш биле и секогаш ќе бидат одговорност на државата и тие коишто го менаџираат здраствениот систем, додава Мицкоски.