Укажувајќи на долготрајниот проблем со недостаток на чипови кој го намали производството кај сите европски и светски производители на возила, Мизо во разговор за локално.мк ги обелоденува загрижувачки негативните показатели за работата на нашите фирми.
„Споредено со планот за 2021 г., реалниот пад е помеѓу 15-30%, зависно од видот и технологијата на производот и клиентот/ моделот за кои тие производи се наменети. За август и септември, а потенцијално и за октомври, падот е уште подрастичен, вели првиот човек на „Костал” која е дел од германскиот гигант и која произведува автомобилска и индустриска електроника за најпознатите светски автомобилски брендови.
Во ваква ситуација, за него е разбрирлив стравот, односно неивесноста на вработените.
„Сепак, мислам дека фирмите од автомобилската индустрија во Македонија се одговорни компании кои кон времено намалување на обемот на вработени би пристапиле само како крајна мерка, односно откако претходно би ги исцрпеле сите други мерки како тренинзи и дообука, прераспределба на смените и работното време, доброволни одсуства со надомест на плата, искористување на годишните одмори, привремен прекин на производствениот процес со надомест на плата и слично’’, вели Мизо.
Целото интервју на Локално