–Високо ја вреднуваме Вашата дипломатска активност, поддршка и личен ангажман во изминатите години. Во наследство на земјата ќе останат бројни и успешни проекти, благодарение на Вашата посветеност и континуираната билатерaлна поддршка од страна на Швајцарија, која датира од 1992 година, посочи Османи.
Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, на средбата соговорниците разговарале и за потенцијалите на најновата Стратегија за Северна Македонија за периодот 2021-2024, со која ќе бидат алоцирани дури 72 милиони швајцарски франци за нашата земја.
-Овие средства се наменети за трите тематски области – демократско управување; вработување и економски развој; инфраструктура и животна средина претставуваат значаен придонес и поттик за развој на општините и институциите во државата. Конкретно, истите ќе бидат наменети за инвестирање во ефективно управување со отпадот, завршување на канализациските мрежи и чиста вода за пиење, гасификација, за повеќе зеленило, повеќе паркови и многу други проекти, информираат од МНР.
Соговорниците разговарале и за актуелните внатрешно политички состојби во двете земји, состојбите во Регионот и регионалната соработка и неговите европски перспектив