Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:
„Еве да им помогнеме на коалициските партнери СДСМ и ДУИ. И двете страни сте одговорни за смртта на 14 лица и мора да понесете морална одговорност, а потоа да има и кривична одговорност за оние кои ги прекршиле позитивните акти и ги загрозиле граѓаните.
СДСМ и ДУИ обвинувајќи се меѓу себе откриваат дека немало соодветен надзор на модуларните објекти, немало противпожарен систем за заштита, немало технички прием, немало атестирани материјали, немало ништо што би гарантирало сигурност на пациентите.
Ете зошто за Заев темата за модуларната болница е банална, затоа што дебело е заглавена неговата власт во оваа трагедија. Џабе му е тактизирањето со оставките и обидите да го спаси Филипче по секоја цена. Одговорност мора да има и за директорот на болницата и за заменикот министер Хасани и за министерот Филипче, а бидејќи ги прикрива и штити треба и за Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.