Состанокот, како што соопшти секторот за односи со јавност на Собранието, се одржува во Будимпешта, и традиционално се организира од страна на Собранието на Република Унгарија на секои две години.
На состанокот, покрај претседателите на парламентите од земјите од Југоисточна Европа, ќе учествуваат и претседателите на парламентите на земјите од Вишеградската група. Предвидено е во воведниот дел на состанокот, свои излагања да имаат премиерот на Република Унгарија, Виктор Орбан, европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеи и претседателот на Собранието на Република Унгарија, Ласло Ковер, по што ќе следат обраќања на претседателите на парламентите на земјите од Југоисточна Европа, вклучително и обраќањето на Џафери.
На состанокот е предвидено усвојување и потпишување заедничка изјава од учесниците, која ќе биде испратена до националните парламенти на земјите членки на Европската унија и до лидерите на европските институции.