– Минаа 561 ден откако ги воведовме најострите рестриктивни мерки во Норвешка во мирнодопски услови. Дојде моментот да се вратиме на нормалниот живот, изјави премиерката Ерна Солберг.
Рестриктивните мерки ќе завршат во сабота во 16 часот, додаде таа.
Одлуката повеќе да не се бара социјална дистанца ќе дозволи културните и спортските настани повторно да бидат во полн капацитет.
Солберг примени три од четирите фази на планот кон укинувањето на општествените и економските рестриктивни мерки, но завршната фаза беше одложувана неколку пати поради стравот од раст на стапката на заразување.
– Накратко кажано, можеме да се вратиме на нормалата, додаде норвешката премиерка.
Во Норвешка 76 отсто од населението примиле најмалку една доза вакцина против ковид, додека 67 отсто се ревакцинирани.
– Сакам да кажам – Норвешка, ти благодарам, кажа Солберг.