Како што соопшти Министертството за внатрешни работи во дневниот билтен, полициски службеници од Полициска станица „Богородица“ го лишиле од слобода Д.С. од Гостивар кај место викано „Одморалиште“ на автопатот „Пријателство“.
При контрола во патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Д.С., биле пронајдени шест лица од Сомалија, тројца од Сирија и еден од Пакистан.
-За случајот е известен Јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.