Македонија се соочува со нови предизвици и препреки.
Во вчерашната објава на агенцијата „Ројтерс“ ноторно е дека Европската Унија не се согласува со гаранции за членство на земјите од Балканот во Унијата, повикувајќи се на интерен документ. Зад овие заклучоци има две работи кои се факти, и тоа: прво, можниот отпор за проширување од некои членки на Унијата е затоа што РМ во изминативе години не напредува. И второ, Македонија не напредува затоа што со оваа Влада тоа е невозможно.
Во Република Македонија има висока перцепција за корупција, 111-то место сме на ова поле! Реформи во правосудниот систем нема, владеењето на правото е селективно и во корист на власта, а заедно со реформите во јавната администрација требаше да бидат приоритет согласно добиените извештаи.
Реформите недостасуваат во секој сегмент, во економскиот, образованиот, здравствениот, социјалниот и локалниот. Владата на СДСМ со години манипулира со граѓаните за ова прашање, добивме дури 4 датуми. Заев го ветуваше членството во ЕУ, а завршивме како најкорумпирани во ЕУ. Завршивме и како најсиромашни. А сега веќе од нив слушаме предупредувачки изјави.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, само неколку часа по објавувањето на отрезнувачкиот текст на Ројтерс, рече дека ЕУ станала многу тешка за менаџирање и дека евентуалното проширување со уште пет или шест земји би создало дополнителен хаос во европското семејство. Ништо подобра не беше ниту реакцијата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој истакна дека пораката од ЕУ не е добра, но дека нема ништо ново во неа.
Почитувани, Владата на СДСМ не ја кажуваше вистината за ова прашање години наназад.
СДСМ ја штити својата власт со криминал наместо со владеење на правото. За сето ова ние како политичка партија предупредувавме целиот период наназад.
Почитувани граѓани, ВМРО-ДПМНЕ може да ги реши и најголемите проблеми но со јасни дипломатски приоритети и активности и ќе продолжиме да го развиваме евроинтеграцискиот пат во согласност со меѓународните стандарди, но на принципиелна основа, вели Митева