– Дали ќе се избере насоката на обнова, проекти, визија, стратегија, просперитет и иднина или пак ќе останеме заглавени во денешното мачно и тешко секојдневие, полно со порази неправди, криминал и корупција, односно изборот е помеѓу иднина или минато, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека ако ги погледате настаните на СДСМ предводено од Зоран Заев и оние мали зоранчиња кандидати за градоначалници од СДСМ ќе видите дека тие имаат реторика со која длабоко се заглавени во минатото, заглавени во 2015 кога беа опозиција.
– Се подготвуваат за една опозиција, па уште сега речникот им е таков. Заборавија дека 4 години се апсолутна власт каде имаа можност да покажат дека ќе донесат живот и развој, но донесоа криминал, корупција, измами, предавства, распродажба, го засрамија сопствениот народ. Народот се разочара, се сели, селата се празни, а почнаа да се празнат и градовите. Сите не поминаа на Балканот, Европа веќе за нас е недостижна цел, тапкаме во место не вратија неколку чекори наназад, човек срам да го фати од оваа неспособност, од ова неработење раководено од СДСМ, Зоран Заев и неговите малечки Зоранчиња, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски потенцираше дека оваа власт се фали дека е најдобра, но најдобри се само ви криминал, корупција, предавства.
– Велат дека биле најдоброто, ама најдобри се само во крадење, криминал и лажење, тука им нема рамен. Ја направија Македонија најкорумпирана во Европа. Во ковид пандемијата повеќе од 6000 наши сограѓани загубија некој свој близок поради неспособноста на Венко Филипче и Заев. 14 луѓе живи гореа, никој не сноси одговорност за тоа. Најдобри се да бараат провизија наместо да ги лекуваат граѓаните. Најдобри се по издавање на пасоши на нарко босови па нема криминалец на Балканот кој нема македонски пасош добиен од Оливер Спасовски, нагласи Мицкоски.
Тој посочи дека власта толку не се грижи на народот што во Ресен килограм јаболко се откупува по 2 денари, што е понижувачки и срамно, а Зоран Заев се вози со БМВ од 100 илјади евра кој чини колку 3 милиони килограми јаболка.