Станува збор за семејство од градот Алексинац. Таткото Горан Ѓокиќ (57), мајката Гордана (56) и ќерката Лидија (25) исчезнаа во неделата околу полноќ кога се враќале од Моравац во Алексинац. Тие утрово се пронајдени мртви.

Според „Блиц“, трите тела се пронајдени на непристапна локација во атарот на селото Тешица, изгорени и прекриени со лисја и гранки. Полициски извори откриваат дека телата биле целосно јагленосани и дека родителите и ќерката биле идентификувани според накитот.

На местото на ужасното злосторство се упати и министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин.

Полицијата утрово го пронашла запален автомобилот „пасат“, а потоа на десет километри се пронајдени и нивните тела. Не е познато на кој начин се убиени.