-Апелирам до вас да се обратите до надлежните институции, јас сум тука како премиер и не сакам да зборувам како претставник на политичка партија. Проблемот е што доаѓаат луѓе од надвор кои не ги почитуваат мерките. Нема договор, сите ние ветивме дека ќе направиме се. Но, ние ќе се потрудиме да ги почитуваме протоколите. Зборуваме за граѓани кои доаѓаат на собири самоиницијативно, рече Заев.