-Ние од 25 денари нема да попуштиме ни едне дени. Наместо да се радуваме, ние сега плачеме. Со 17 денари или 20 денари нема есап, а втора работа е што оризот не го откупува ниту еден откупувач и преработувач. Значи луѓето буквално не знаат што да прават, збунети се – изјави Здравко Арсов, ИО за спас на оризопроизводителството.
На последната средба помеѓу ресорниот министер и откупувачите беше ветено дека Владата ќе интервенира со 3 денари по килограм за продадена арпа, но откупувачите да најдат начин како да ја надоместат разликата до бараната цена.
–Тие не сакале ниту да слушнат за тоа. Такво понижување, такво манипулирање овие неколку години, земјоделецот, оризопроизводителот не е доживеал. Ова е страшна работа- додаде Арсов.
Во моментот актуелната откупна цена на арпата се движи помеѓу 15 и 18 денари, во зависност од сортата, а цената на белиот ориз не надминува 41 денар за килограм.