– При претрес, извршен со судска наредба, во домот на Р.Т. на ул.„Круме Спиркоски” во Прилеп, биле пронајдени и одземени: еден пиштол „Екол“ модел „Туна“ калибар 8 мм, еден ловен карабин М 98 кал.7,9 мм, една ловна пушка пумпарица модел 586, една полуавтоматска пушка М 59 7,62 мм, 4 парчиња куршуми калибар 6,35, 81 парче куршуми 7, 62 х39 и 35 парчиња куршуми 7,9 х57, соопштија денеска од МВР.
Лицето е приведено во полициска станица и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.