– Ќе обезбедиме простор за ваков модерен концепт, прв во Република Македонија. Зградата ќе биде монтажна, со модуларна инфраструктура. Овозможуваме иновативни и старт-ап компании кои работат на апликативни решенија од сите области: технологии, дизајн, продукција, агро бизнис…, се вели во програмата на кандидатката за градоначалник на општина Центар.

Во првите 3 години, компаниите ќе бидат ослободени од давачки. Целта е размена на креативни идеи, вмрежување, работа на заеднички проекти и привлекување на инвестиции. Паркот ќе се поврзе со факултетите и институтите, со цел спојување на науката и практиката преку низа на пред се, апликативни проекти.