На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу Кабул и Вашингтон, спроведувањето на договорот од Доха, хуманитарната помош и авганистанските средства замрзнати од САД, изјави Амир Кан Мутаки, министер за надворешни работи во привремениот талибански кабинет, јави Андолија.
– Ние јасно им кажавме дека обидот за дестабилизација на Владата во Авганистан не е добар за никого, рече Мутаки за државната авганистанска новинска агенција Бахтар по разговорите.
Висок американски функционер рече дека на состанокот со талибанската делегација не било покренато прашање за признавање на талибанската влада.