Бразил е втората држава во светот, по САД, според бројот на заразени со коронавирусот, а Болсонаро долго време јавно е против вакцинацијата и карантинот.
Анкетите покажуваат дека поради слабиот одговор на пандемијата поддршката за Бослонаро континуирано опаѓа.
Кога беше запрашан за бројот на смртни случаи од коронавирусот Болсонаро беше опкружен со поддржувачи на една плажа во Сао Паоло.
– Во која земја не умреа? Кажете ми.Слушајте, не дојдов тука за да ми додевате, одговори тој.
Бразилскиот претседател со месеци ги отфрлаше повиците за воведување ограничувања, како што е карантинот, за да се спречи ширењето на вирусот, додека јавните здравствени власти ја критикуваа неговата влада дека не успеала брзо да обезбеди вакцини против Ковид-19.
Со месеци наназад илјадници Бразилци излегуваат на улиците барајќи отповикување на Болсонаро заради пандемијата, како и обвинувањата за корупција, но тој остана пркосен и продолжи да ги одбива мерките.