Голема полициска акција е во тек на југот од земјата, во непосредна близина на граничниот премин Богородица, дознава Канал 5 од извори во истрагата.

Според нивните информации запленета е марихуана вредна околу 200.000 евра. Уапсени се пет лица, тројца албански државјани и двајца македонски државјани. Детали ќе има утре.