Денес сме во посета на општина Маврово Ростуше, тука сме денес во Леуново да поразговараме со локалното население, во однос на најактуелните случувања. Мислам дека го имаме најдоброто решение за општина Маврово Ростуше. Имаме одлична советничка листа која што ќе ги штити интересите на жителите на Маврово Ростуше во рамки на Советот и исто така имаме одличен кандидат и иден градоначалник на Маврово Ростуше, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во изјава за медиуми.
Николоски додаде дека доктор Џафери е вистинското решение за Маврово Ростуше, затоа што ги знае луѓето, соработува со нив, комуницира со нив, и ги знае нивните маки и проблеми.
„На дневна основа е со нив, и најдобро ќе се грижи за жителите на Маврово Ростуше. Тоа всушност мојата основна намера зошто сум денес токму овде во Леуново, а тоа е приоритет и предност за да добијат жителите на населените места околу Мавровското езеро, како и на целата општина. Апсолутно треба да се развива Мавровското езеро и да се грижиме сите за него, но приоритет во развојот на туризмот мора да има жителите кои што постојано живеат тука на Мавровското езеро“, нагласи Николоски.