Андон Сарамандов е хуман човек, човек кој го сака вашиот град и навистина ќе се вложи себеси за поубава Гевгелија, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски при неговата средба со кандидатот за градонаќалник на Гевгелија, Андон Сарамандов.
-Сакам исто така и да ве замолам вашиот глас да го дадете за нашата советничка листа, бидејќи со еден добар тим ќе има многу проекти тука во Гевгелија. Знаете СДСМ ветуваше многу проекти, ветуваа многу во инфраструктурата, ветуваа преку пестотини километри автопати, ветуваа над илјада километри регионални патишта. Но од тоа нема ништо. Јас би сакал да ве замолам сите масовно да излезете сите граѓани во Гевгелија и да ја дадете поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е брендот за проекти, ВМРО-ДПМНЕ е навистина она што ќе го вети тоа и го исполнува, истакна Мисајловски од Гевгелија.
Но исто така Мисајловски потенцираше една работа, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија не само што ќе проширува, гради и реконструира патишта, туку истите ќе бидат многу безбедни онакви какви што заслужуваат граѓаните.
-Тука сме на потегот од Прдејци до Смоквица, позади мене е регионалниот пат кој што навистина не е безбеден, јас сакам да информирам од тука, од лице место, дека ВМРО-ДПМНЕ не само што ќе го прошири и направи целосна реконструкција на овој пат, туку ќе стане многу побезбеден и ќе стане онаков каков што заслужуваат сите пет населени места што гравитираат на овој пат.
Тој додаде дека на народот му е доста од празни верување на СДСМ, како и тоа дека народот мора да ја казни нивната негрижа за народот.