Тој на жителите од општината им посочи дека тие за него не се само дел од Избирачкиот список, по што потенцираше дека во недела, заедно да ги донесат промените во Ѓорче Петров, со гласање за бројот 7, за него како кандидат за градоначалник и советничката листа предводена од доктор Ленче Нелоска.
– Имав можност да ве посетам, да ве видам, слушнам и да ги почувствувам реалните проблеми со кои секојдневно се соочувате во вашите животи. Силно се обврзувам, пред се да бидам Ваш добар пријател а потоа и градоначалник за сите. На овие локални избори, излегов со програма која има над 200 проекти, кои ги засегаат сите елементи од функционирањето на Општина Ѓорче Петров. Од комунални, инфраструктурниот дел, од делот за згрижување на деца, делот за помош на загрозените категории, делот кој го опфаќа функционирањето на пензионерите како наша највозрасна категорија граѓани, рече Стојкоски.
Тој во неговото обраќање посочи дека нема да дозволи да оди со наведната глава поради нереализиран проект, опфатен во тој дел.
– Главниот мотив поради кој се кандидирав на овие избори сте токму вие, драги мои ѓорчепетровци. Од првиот ден, ќе работам чесно, одговорно и транспарентно. Дел од мојот тим се и кандидатите за советници од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од д-р Ленче Нелоска. Тоа се наши сограѓани кои доаѓаат од секое маало од Ѓорче Петров, што се реално запознаени со вашите проблеми и кои можат да понудат практични и брзи решенија за истите. Тоа се луѓе со кои вие ќе имате секојдневна комуникација и ќе бидат главниот помеѓу вас, вашите проблеми и решенијата кои ќе доаѓаат од општината Ѓорче Петров. Заокружете го бројот 7, за модерно, убаво и хумано Ѓорче, додаде Стојкоски.