Овие граѓани, кои се наши деца, родители, пријатели мора да бидат вклучени во општествените процеси, изјави   независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски.

Тие мора да бидат инкорпорирани во креирањето на локални политики, во подобрувањето на локалната власт. На средбата со претставници од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива потпишавме Декларација со која во следниот период ќе дадеме можност на лицата со попреченост да придонесат за подобро Куманово. За првпат во Куманово, во идниот Совет за сите локални политики ќе одлучуваат и лицата со попреченост.

Нашата советничка Бојана Младеновска која е лице со попреченост ќе се грижи за подобар живот на граѓани и со посебен
фокус кон оваа група на граѓани“, порача независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски.