Скај њуз пренесува дека непознат маж влегол во црквата каде Емес разговарал со своите избирачи и му нанел повеќе убоди од нож. Полицијата веднаш пристигнала на местото и ги затворила околните патишта. На местото на настанот пристигнала брза помош со хеликоптер.
Полицијата во Есекс набргу по нападот објавила дека е уапсен непознат маж осомничен за убиството. Полицијата додаде дека веќе не бара никого.
A man has been arrested on suspicion murder after a man was stabbed in #LeighonSea.
We were called to Eastwood Road North shortly after 12.05pm.
Sadly, a man later died.
A man was arrested at the scene.
We are not looking for anyone else.
Read more: https://t.co/CR8vYv8yuR pic.twitter.com/llSd1Tr0H7
— Essex Police (@EssexPoliceUK) October 15, 2021
Дејвид Емес, кој го претставува Саутенд Вест во Есекс, бил нападнат околу пладне по локално време во методистичката црква Белфаерс во Ли-он-Си.
Британските медиуми пишуваат дека Емес бил нападнат за време на состанокот со гласачите. Тие додаваат дека напаѓачот влетал во црквата во последниот час од таа средба и го прободел Амес неколку пати.
Скај њуз објави, повикувајќи се на изјави на сведоци, дека персоналот на брзата помош се обидел да го спаси избодениот пратеник во црквата каде што се случил нападот, но безуспешно.
Емес на 12 октомври го најавил состанокот со гласачите на својот Твитер профил.