Освен што го унапредивме Арачиново за два века, одржавме лекција по заедништво на оние другите кои глумат разбудени од деценискиот сон дека сега ја разбрале вредноста на заедништвото, кажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев од Арачиново, додавајќи дека не биле одамна времињата кога тие кадри од, како што вели, криминалната банда на Груевски, го подривале соживотот.
Само парите и власта ги интересираше, ништо не работеа за нашиот народ, а потоа некои од нив се осудени да одговараат и по дваесет години, како Мијалков, Камчев и други бандити што беа во нашата држава, изјави Заев.
Тој додаде дека Арачиново одржало лекција како Албанците, Македонците и сите останати можат и сакаат да живеат заедно.
Покажавме дека заедништвото е најважно. Затоа се инвестираше и во Арачиново и затоа и тука ќе победи „Најдоброто“ и ќе го запечатиме минатото, заклучи Заев.