Таа ова го истакна во емисијата „Економски магазин“ на Алсат телевизија.
-Тука би се воздржала од поконкретни квантификации бидејќи само што започна целиот циклус на макроекономски проекции. Треба да се финализира до крај на април и на почетокот на мај да излеземе со нови бројки. Сега засега сите бројки упатуваат на нагорно поместување, но не е тоа некое исклучително повисоко ниво на инфлација, рече гувернерката Бежовска.