Соопшти дека имаат најверојатно 22 градоначалници во прв круг, во повеќе од 20 биле првопласирани, а во другите влегуваат во втор круг како второпласирани
– Ова не е финала победа. Ова е прв чекор до нив. Ова не детерминира, она што сакаме од Македонија. Сигурна, интегрирана, богата. Доста е криминал и корупција, доста се делби и апатија. Благодарам народе, ова е твоја победа, ова е победа и одговорност. Нема да ве изневериме. Гарантирам за тоа што го зборувам. Ова е обврска и одговорност. Се што ветувавме ќе направиме заеднички, рече Мицкоски.
Потоа почна да соопштува за општина по општина. Во Аеродром ВМРО-ДПМНЕ победило во првиот круг, а Тимчо Муцунски е новиот градоначалник на оваа општина, но подоцна рече дека сепак се чека официјална потврда. Мицкоски соопшти дека во Кисела вода водат со 2 наспроти 1, а втор круг ќе има и во Центар и Карпош. Вели дека во Сопиште е готова работата како и во Јегуновце, Гази Баба, Бутел, Виница, Петровец и Илинден, Карбинци, но и Велес. Вели дека во Штип победиле во прв круг а во Кочани се водела нерамноправна битка. За Кавадарци изјави дека Јанчев победил со 10.000 гласа разлика, а во Прилеп соопшти дека се победници а во Битола дека се во водство.
– Драги пријатели вечерва ќе се радуваме, но нема да славиме. Утре на работа, за народот. Не чекаат тешки предизвици. Ги повикувам сите гласачи кои сакаат нешто да се промени и сите кои не се определија за нас. Време е да се обединиме. Да покажаме заедништво и слога. Потребни сме и сите заедно на Македонија. Само така ќе успееме. Уште еден чекор не дели од она за кое сите сонувавме. Тие сакаат да наведнеме глава а ние викаме дека сакаме промени, рече Мицкоски.
Соопшти и дека во ноември има партиски конгрес односно дека истекува неговиот мандат и рече дека неговата и политиката на ВМРО-ДПМНЕ е за единство.
Прашан дали ќе бара нови парламентарни избори рече дека сега е рано за тоа но најави дека можно е набрзо да има ново парламентарно мнозинство односно тое да имаат поддршка од 61 пратеник во Собранието.