Засега, нема официјална потврда за посета, а минатата седмица, грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на свои извори, пишуваше дека на Самитот во Словенија грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имал тет-а-тет средба со Меркел и ѝ упатил покана, која германската канцеларка ја прифатила.
Весникот пишуваше дека посетата има и симболичен карактер бидејќи „мандатот на Меркел, на некој начин „беше во чекор“ со грчката криза, бидејќи соработуваше со Караманлис, Папандреу, Пападимос, Пикраменос, Самарас и Ципрас, кои еден по друг ја напуштија власта“.
Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, во понеделникот, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, рече дека кога ќе постои нешто конкретно околу посетата на Меркел, ќе биде соопштено.