-Петре Шилегов е градоначалник кој се согласува дека: Скопје увек биле и само ќе бидат ОНИЕ 30,50,100,1000 можда 2000 кои имаат креативност и сила да пркосат на останатите 700.000? Они не се и никад не биле Скопје. Ние сме Скопје. Они не се важат. Тука има и многу пострашни зборови јас нема да ги прочитам, оставам вие да процените.
Петре Шилегов е градоначалник кој се согласува дека: Твојата неписменост е историска, суштинска и предавничка. Кога би ми бил/а сеа на дофат би те заклал ко зајак. Полош си од… и ова нема да го прочитам.
Овде ме поканија, седеле и размислувале кого да викнат, им требало хард кор скопјанец и некој рекол Мирко Попов. Јас сум дефинитивно хард кор скопјанец пошто за мене Скопје е дијагноза.
И последно, но не помалку важно Шилегов е градоначалник кој се согласува дека: ова нема да го цитирам, ве молам да погледнеме.
За крај, фирмата на Мирко Попов ПМГ рекордингс од јануари 2018 година до октомври 2021 година имаат добиени тендери во вкупна вредност од 66.280 евра. Или од Министерство за култура 10.000 евра, од МКЦ 34.154 евра, од Универзална сала 13.822 евра и од Град Скопје 8.300 евра.
Најверојатно, ова е мерит системот по кој СДСМ одлучува кој е хард кор скопјанец и кој ќе биде говорник на митингот на Шилегов.
Драги скопјани, со сигурност ќе знаете да го цените ова на претстојните избори на 31-ви октомври, додава Митева.