-Нееднаквиот пристап до тестовите, третманите и вакцините против ковид-19 ја продолжува пандемијата ширум светот и претставува ризик за нови, поопасни видови на вирусот кои би можеле да ги избегнат постоечките средства за борба против болеста“, се вели во соопштението. Пандемијата, која веќе уби речиси пет милиони луѓе откако се појави во Кина на крајот на 2019 година, „не е далеку од завршена, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус.
Тој рече дека досега само 0,4 отсто од тестовите и 0,5 отсто од вакцините дадени ширум светот се користени во земјите со ниски приходи, иако тие претставуваат девет отсто од светската популација. Шефот на СЗО со месеци ја повторува оваа порака и бара да се надминат нееднаквостите во период од најмалку половина година. Тој го повтори својот повик до шефовите на држави и влади на Г-20 кои ќе се сретнат овој викенд во Рим и ги повика „целосно“ да ја финансираат новата стратегија на СЗО.