На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право од запишани 1.409 гласачи го остварија 943 гласачи.
Во своите домови како болни или немоќни од пријавени 5588, гласаа 5287, а во установите за вонсемејно згрижување, од запишани 266, правото на глас го искористија 212 лица.
Како лица кои се во домашен карантин или на кои им е определена мерка самоизолација поради КОВИД-19, во своите домови пријавени беа 376, а гласаа 268 лица.
Гласањето секаде, според информациите добиени од општинските изборни комисии, помина без проблеми, истакнуваат од ДИК.