Како што пренесуваат странските агенции, луѓето вееја национални знамиња и скандираа „Военото владеење нема да биде пофалено“ и „Ова е наша земја и нашата влада е цивилна“.
Во центарот на главниот град беа распоредени вооружени војници. Безбедносните сили во Картум употребија солзавец и огнено оружје за да ги растераат демонстрантите.
Централниот комитет на суданските лекари соопшти дека војниците застрелале двајца демонстранти во Омдурман. Лекарската организација подоцна објави дека уште еден демонстрант бил убиен, а 38 лица се повредени.
Полицијата негираше дека пукала во демонстрантите и на државната телевизија беше објавено дека еден полицаец се здобил со прострелни рани.
Најмалку 14 демонстранти беа убиени оваа недела во судири со безбедносните сили.