Поранешниот министер за здравство и надворешни работи на Етиопија вели во писмото во кое известува дека Ковид-19 го „уништи светот“ и дека во неговиот втор мандат сака да се осигура дека планетата е „навистина подготвена“ за уште една ваква криза.
СЗО бара 23,4 милијарди долари од Г20 за сиромашните земји
Тој беше избран за шеф на СЗО во 2017 година, а неговиот петгодишен мандат истекува во август 2022 година, пренесе АФП.
-Земјите-членки предложија само еден кандидат до 23 септември 2021 година – д-р Тедрос Аданом Гебрејесус, соопшти СЗО.
Тој беше номиниран од 28 земји, се додава во соопштението.
Тој беше поддржан од 17 европски земји, меѓу кои Австрија, Франција, Германија, Холандија, Португалија, Шпанија и Шведска.
56-годишниот Тедрос има диплома по биологија во неговата земја, магистер по имунологија во ОК и докторирал по заразни болести во заедниците.