Набљудувач од опозициска партија денеска бил нападнат од страна на активисти на две партии од власта. Инцидентот се случил во избирачко место во село Бојане во Сарај.
Во разговор со главниот уредник на радио Лидер Љупчо Златев, набљудувачот го раскажува страшното сведоштво и немилиот настан кој тој го доживеал денеска додека ја извршувал својата работа
Дојдов уште рано изутринава во 8 часот, но бев избркан, затоа што не требало наводно да бидат двајца членови од опозицијата да бидат, јас ги послушав и излегов и не влегов до 12 часот, после тоа кога влегов и кога имав забелешка и реакација во однос на гласањето , дојде до судир, ме нападнаа и кажаа вака “Ова е Сарај во село Бојане и не може да се спаси никој , тука Шилегов направил пат и донел вода до некое место“, ијзави набљудувачот.
Потоа не успееја да ме изнесат од избирачкото место и потоа ја нападнаа и една од набљудувачите, девојчето плачеше. Овие неправилности ние секако ќе ги нотираме , изјави тој