– Голема благодарност на довербата и поддршката за визијата за поубаво, помодерно Скопје. Не можам да изразам зборови колку ми значи тоа што сите вие скопјани ја поддржавте мојата визија и што пред се одбравте да верувате во човечноста, што истакнавте дека сте против црните кампањи и што ми ја дадовте довербата следните четири години да го водам Скопје и да бидам ваш човек во градот“, рече Арсовска.

Таа кажа дека вечерва ќе слави, а веќе од утре ќе работи бидејќи има многу проекти кои мора веднаш да се реализираат, во првите 82 дена.

– Мој противник не беше само стариот градоначалник туку и премиерот во заминување. Скопје за првпат по 30 години има жена за градоначалник. Морам да ја истакнам благодарноста за семејството, пријателите и сите скопјани кои ме бодреа сите денови, кои кажаа дека и покрај црната кампања треба да продолжиме напред. Сега имаме шанса од првиот ден, посветено да работиме, Скопје да го направиме град на среќни луѓе, додаде таа.