– Надежта ја победи апатијата и нејзината сила ќе расте. Сите заедно за нова иднина. Заеднички и сложно да го оствариме сонот за кој цели 30 години сонуваме, а никако да го постигнеме. Кажете им на нашите браќа и сестри, од сите краеви на Македонија, од Тетово до Битола и Охрид и Кочани, од Скопје до Гевгелија, ова е денот од кога почнуваат промените, рече Мицкоски.
(ВИДЕО) Мицкоски: Ова е денот со кој почнуваат промените
Македонијо, од вечерва почнуваш да го живееш нашиот голем сон, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето обраќање вечерва. Македонија мора да се менува, а промените почнаа од вечерва додаде тој.