Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, секторот за санитарна контрола во периодот од 25 до 29 минатиот месец зел 194 примероци за физичко-хемиска и 194 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во град Скопје. Сите примероци, наведуваат, одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.