– Дозволете ми во мое лично име и во име на македонското друштво „Илинден“-Тирана и во името на Македонците во Албанија, да Ви ја честитаме големата победа на ВМРО-ДПМНЕ на Локалните избори 2021 година. Татковината Македонија уште еднаш ја покажа својата зрелост со одржувањето на мирни и демократски избори. Македонските граѓани одбраа кој ќе ги води македонските општини во наредните четири години, стои во честитката.
Македонското друштво „Илинден“-Тирана и синоќа во објава на Фејсбук се заблагодари на Македонците од Албанија, кои поседуваат македонски пасош и кои вчера го оствариле ова право.
-Историска победа, почитувани, браќа и сестри, Македонци од Република Албанија голема благодарност до сите што гласавте на локалните избори во татковината Македонија. Со среќа и успешна работа до сите кандидати на ВМРО-ДПМНЕ. Голема победа за сите за една нова и поубава иднина за татковината Македонија, пишува во објавата.
И пред изборите МД „Илинден“ ги повика Македонците од Република Албанија што поседуваат македонско државјанство да дојдат и да го дадат својот глас за кандидатите на ВМРО- ДПМНЕ.