Вучиќ рече дека во разговорот во Глазгов со лидерите од регионот разговарале и за тоа како да се зајакне иницијативата „Отворен Балкан“.

Разговарав со луѓето од регионот, со Еди Рама и за „Отворен Балкан“, дали по оставката на Заев ќе можеме да почекаме, да видиме што ќе правиме и како да го направиме. Разговаравме за како дополнително да се зајакне иницијативата. „Отворете го Балканот, да одиме напред“, рече Вучиќ.

Тој изрази уверување дека оставката на Заев не е само последица на резултатите од локалните избори, туку и поради неговото лично разочарување од разговорите со ЕУ, бидејќи им било ветено дека ќе отворат поглавје доколку го потпишат Договорот од Преспа, но не беше.