Тој посочи дека Зоран Заев повторно блефираше и остана на фејсбук оставка, но не ја достави со допис до Парламентот.
– Оттука се гледа дека оставката на Заев е иста како и оставката на Филипче, ја поднесе за да не биде прифатена и потоа да одбегне одговорност. СДСМ не си стои до зборот и повторно ги потценува граѓаните. Политиките на Заев и неговиот систем се жестоко поразени. Народот гласаше за промени. Ова што сега го гледаме од СДСМ е препелкање во сопствената кал и продлабочување на поразите. Заев е човек кој не држи до сопствениот збор. Дали на повидок е уште една голема лага на Зоран Заев? И дали Заев нема да си опстои и на ова свое ветување? Дали на овој начин ќе избега од одговорност за бруталните злоупотреби, изборни нерегуларности и притисоци, праша Ковачки.
Тој истакна дека е доста со поигрување со волјата на граѓаните.
– Владата повеќе нема никаков кредибилитет и истата е детронизирана. Системот на Заев е поразен. Време е за промени, додаде Ковачки.