Американскиот банкарски гигант „Bank of America“ предвидува дека цената на нафтата „брент“ ќе достигне 120 долари за барел, пишува „Блумберг“, повикувајќи се на извори од банката.
„Bank of America“ очекува цената на суровата нафта од типот „брент“ да се зголеми на 120 долари за барел до крајот на јуни 2022 година“, соопштија од агенцијата.
Според банката, глобалната енергетска криза доведе до силен скок на цените на гасот и јагленот ширум светот, што го забрза враќањето на фјучерсите на нафтата со кои се тргуваше на берзите во Лондон и Њујорк на претходно ниво.
Покрај тоа, според Блумберг, банката објаснува дека растот на побарувачката на бензин, заедно со дизелот и горивото за авиони, во комбинација со ограничувањата на капацитетот за рафинирање, може дополнително да го забрза растот на цената на нафтата во 2022 година.
„Bank of America“ влегува во „големата четворка“ на американските банки заедно со „Ситигруп“, „ЏејПи Морган-Чејс“ и „Велс Фарго“.