Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, и општинските служби нашле конкретно времено решение за проблемот со греење во ООУ „Тихомир Милошевски“, со што, најдоцна до понеделник, повторно ќе се стави во функција продолжениот престој за учениците во училиштето.

– Заедно со општинските служби бевме во посета на ООУ Тихомир Милошевски, каде во тек се градежни активности за доградба, воедно направиме и увид во динамиката на изведба – информираше Стојкоски на својата фејсбук-страница.