Во овој период регистрирани се вкупно 311 пречекорувања на максимално дозволената брзина во тетовскиот регион, претежно надвор од населено место, особено на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, но и на околните регионални патишта, како и на влезовите во Тетово и Гостивар.
– Овие пречекорувања соодветно биле санкционирани со изготвување на поднесоци и со други законски предвидени мерки кои се однесуваат на возачите кои драстично ја пречекориле дозволената брзина.Зависно од констатираното пречекорување возачите ќе се соочат со парични глоби од 45 до 400 евра во денарска противвредност, а екстремно брзите и со заштитна мерка забрана за управување на возилата од три месеци до една година, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Пребрзото возење било причина за 23 од тетовските октомвриски сообраќајни несреќи. И во текот на вчерашниот дел од 8 до 20 часот при контрола дали има пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место, казнети се девет возачи како и тројца за во градот.