Мистериозен автомобил во Конељано, Италија, паркиран на иста улица, на ист паркинг 47 години, стана туристичка атракција.

Анџело Фреголент (94), ја паркирал својата „Ланчија фалвија“ од 1962 година пред киоскот што го води со неговата сопруга Бертила Модоло. Во 1974 година, парот се пензионираше, но го остави возилото таму. Оттогаш, автомобилот е ексклузивна околна знаменитост.

– Кога го отворив бизнисот, бев среќен што автомобилот е паркиран пред трафика бидејќи ги растоварав весниците во багажникот и потоа ги ставав внатре, изјави нејзиниот сопственик за „Ил газетано“.

Сега старата „Ланчија“ ќе биде и реставрирана, подновена и претворена во споменик, бидејќи несомнено стана дел од урбаните знаменитости на градот.