Изборната комисија на Град Скопје денес го врачи Уверението за избор на градоначалник на Град Скопје на Данела Арсовска. Со ова Град Скопје доби жена градоначалник за првпат од независноста на државата.

Во понеделник, на 8 ноември 2021 година, Арсовска официјално ќе го преземе градоначалничкиот мандат, кога на свечен чин ќе биде извршено примопредавањето.

Во првиот круг од локалните избори, Арсовска беше во водство од 7 915 гласови, а во вториот круг, разликата беше значително поголема, со предност од 28 130 гласа пред својот противкандидат.