Со приговори за Желино, ДУИ инсистираше да демонстрира кој е главен фактор меѓу етничките Албанци и во земјава, што ја премина границата на трпение на Беса, вели аналитичарот Сашо Клековски за „Дојче веле“.

Тој ги посочува и причините поради кои актуелната влада и нејзиното мнозинство станале неодржливи.

Победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори и оставката на Зоран Заев, беа вовед во криза на парламентарното мнозинство. И покрај изјавите за верност на парламентарното мнозинство, јасно беше дека со изменет однос на политичките сили, оваа Влада и со тоа парламентарно мнозинство се неодржливи. Конечниот удар на Владата и парламентарно мнозинство и го нанесе ДУИ. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои се повлекоа од приговори на резултатите на локалните избори, ДУИ не го стори тоа во Желино, со што инсистираше да демонстрира кој е главен политички фактор меѓу етничките Албанци и во земјава. Чекор кој ја премина границата на трпение на Беса. ДУИ ги донесе на власт Зоран Заев и СДСМ, ДУИ ги сруши“, констатира Клековски.

Целиот текст овде.