По 18 години во владина коалиција, ДУИ заминува во опозиција.

По вчерашниот договор кој го постигнаа ВМРО-ДПМНЕ, АА, Алтернатива, БЕСА и Левица, партиите обезбедија мнозинство во Собранието. Тоа е доволно за гласање на недоверба и смена на власта.

Со тоа ДУИ ќе изгуби шест министерски и 106 директорски места. Сопартијците на Ахмети имаат 206 места во управни одбори и комисии, 306 тендери годишно и 1006 вработувања на договор на дело.