Шестмина вработени во Клиничкиот болнички центар Загреб добија отказ затоа што одбиле да се вакцинираат или да се тестираат за Ковид 19.
-Причина за отказот е одбивањето на овие вработени двапати неделно да се тестираат за ковид 19 или да се вакцинираат. Откако им било кажано дека не можат да дојдат на работа без Ковид сертификат, тие го искористиле годишниот одмор, а дел од нив отворија боледување. Но, кога ги исцрпија сите законски можности, а сепак не сакаа да се вакцинираат или тестираат, денеска добија вонреден отказ, изјави за Јутарњи лист Анте Ќорушиќ, директор на КБЦ Загреб.
Тој открива дека од истата причина во тек е процесот за раскинување на договорот за вработување на уште четворица вработени.