-Поминаа 2 месеци од трагедијата во која животот го загубија 14 пациенти и членови на семејствата во модуларната болница во Тетово и од ден денес сè уште нема никаква одговорност, ниту морална, ниту кривична, велат од Иницијативата „Подобро за Тетово“.

-Деновиве слушнавме дека политичарите можат да поднесат оставки кога ќе изгубат избори, но не и кога животот ќе го загубат 14 луѓе.

Тетово и јавноста сакаат да знаат до каде е истрагата? Зошто Обвинителството објави дел од вештачењето на крим-техника без да го покаже извештајот на германските експерти? Дали овој извештај е издаден за амнестирање на одговорните во предизборниот период по барање на Владата?

Нема детали од истрагата на Обвинителството за организиран криминал и корупција за тендерот и модуларните болници дали ги исполнувале основните стандарди за безбедност, управување и одржување.

-Досега немаме конкретен одговор дали болницата имала или не систем за противпожарна заштита, подвлекуваат од Иницијативата.