Овој знак, татков како што денес го познаваме, дебитирал пред 100 години.
Се враќаме во 19 век. Уште во 1899 година, австрискиот бизнисмен Емил Јелинек им дал име по својата ќерка Мерцедес на возилата „Daimler-Motoren-Gesellschaft (DMG) “ кои ги користел во мотоспортот и ги продавал. Во 1902 го регистрирал иметиo и на службениот печат.
Подоцна, на 5 ноември 1921 година, пред точно 100 години, „Daimler-Motoren-Gesellschaft (DMG)“ поднесува барање до канцеларијата за патенти за заштита на дизајн, модифициран модел што претставува ѕвезда затворена во облик на круг.
Биле потребни до 2 години за да се регистрира дизајнот. Конечно, во 1923 година, тоа било официјално одобрено и ѕвездата почнала гордо да ги украсува предните страни на тогашните модели.
Најчесто, логото е поставено на врвот на радијаторот. Набрзо се појавува и во други делови.
По воспоставувањето на заеднички интереси меѓу „Benz“ и „Daimler“ како дел од корпоративното спојување во 1924 година, амблемите на двата најстари производители на автомобили стоеле рамо до рамо. Една година подоцна, тие биле комбинирани во форма на трокрака ѕвезда со ловоров венец и натпис „Mercedes-Benz“.
Оваа форма на обележување на автомобилите на Дајмлер е позната до денес. Сепак, најпрепознатлив и најчесто користен дезен е ѕвездата во кругот.