Тоа може да влијае и на рутинските имунизации и да ја загрози безбедноста на иглите, додадаваат од СЗО.
Националните здравствени власти треба однапред да ги планираат своите потреби за да избегнат акумулација, панично купување и ситуации забележани на почетокот на пандемијата со недостиг на лична заштитна опрема, вели експертката на СЗО, Лиза Хедман.
-Можеме да имаме глобален недостиг на шприцови за имунизација, што може да доведе до сериозни проблеми, како што е забавување на напорите за имунизација, како и безбедносни грижи, рече Хедман.
Недостигот, додаде таа, може да доведе до одложување на рутинските вакцини, особено за децата, а исто така може да поттикне небезбедна повторна употреба на шприцови и игли, особено во посиромашните земји.
На глобално ниво дадени се околу 6,8 милијарди вакцини против Ковид-19, што е речиси двојно повеќе од бројот на рутински вакцини, рече Хедман, споредувајќи го со вкупниот производствен капацитет од речиси 6 милијарди шприцови за имунизација годишно.
Тоа значи дека светот в година може да се соочи со недостиг од една до две милијарди шприцови, рече Хедман.