Хоспитализираните деца се на возраст од два месеци до 16 години, изјави вчера за МИА директорот на таа јавна здравствена установа, Бесник Зеќири. Тој посочи дека сите деца се во добра општа состојба.
За 10 дена, бројот на активни случаи порасна за околу 1.300. На крајот на октомври имаше околу 6.700 активни случаи, а вчера тој број стигна до 8.006.
За претходното деноноќие, беа регистрирани нови 677 случаи од 3.317 тестирања или околу 20 отсто, 13 лица починаа и 517 оздравеа.
Од новорегистрираните случаи најмногу има во Скопје – 279, следат Битола – 86, Прилеп – 34, Куманово – 30. Од другите градови под 30 заразени.
Од 13 починати лица: пет се од Скопје (61г, 70г, 74г, 80г и 86г), и по едно починато лице од Кочани (83г), Битола (79г), Куманово (76г), Прилеп (87г), Велес (77г), Пробиштип (73г), Демир Хисар (47г) и Кавадарци (66г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.910, бројот на оздравени пациенти е 191.649, на починати е 7.255, а бројот на активни случаи изнесува 8.006.
Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје – 3728, следи Битола – 548, Куманово – 399, Прилеп – 380, Велес – 357, Кавадарци – 341, Штип – 238, Кочани – 224, Охрид – 200. Во другите градови има под 200 активни случаи.